Цели за емисии до 2030
Намалување на еколошкиот отпечаток е бизнис императив. Целосно разбираме колку CO₂ емисии транспортната индустрија генерира. Со тоа на ум, поставивме амбициозни цели за значително намалување на нашиот јаглероден отпечаток во следните години.
Целите за емисии ги поставивме според стандардот на GHG Протоколот за корпоративни емисии, разграничени во три опсега. Опсези 1 и 2 се директните и индиректните емисии што се создаваат како резултат на секојдневното работење на нашите канцеларии и магацини. Ова вклучува потрошувачка на гориво за сопствени возила и изворите за греење, како и емисиите од генерирање на енергија од нашиот добавувач на енергија, која ја користиме за да ги остваруваме нашите операции. Нашата цел е да ги намалиме овие емисии најмалку за 40% (основата е 2019 година) до 2030 година.
Чекори преземени за Опсег 1 и 2:
Замена на компаниските возила со електрични возила
Инвестирање во фотоволтаични системи на нашите локации
Модернизација на магацините и канцелариските објекти
Избор на добавувачина обновлива енергија
Опсег 3 ги вклучува сите други емисии што се случуваат во нашата вредност на синџирот како емисиите од транспортните операции, деловните патувања и патувањата на вработените. Целта ни е да ги намалиме овие емисии минимум за 20% до 2030 година (основата е 2019 година).
Чекори преземени за Опсег 3:
Ограничување на деловните патувања
Избор на еколошко пријателски превозници
Поттикнување на еко-пријателски патувања на вработените
Промовирање на транспорти со намалени CO₂ емисии за нашите клиенти