Развој на апликации

Дали сакате да додадеме дополнителни функционалности на нашите постоечки апликации за управување со синџирот на снабдување, или пак да развиеме целосно ново софтверско решение приспособено на вашите специфични потреби?

Нашиот тим за развој на апликации континуирано го унапредува и проширува портфолиото на решенија за менаџирање со логистички процеси и е подготвен да направи дополнителен чекор за да ви овозможи токму она што ви е потребно.

Покрај континуираниот развој на стандардните апликации, нудиме и детална анализа на процеси и инженеринг на барања, со цел развој и имплементација на апликации прилагодени на вашите индивидуални оперативни и логистички барања.

Нашите ИТ системи обезбедуваат максимална флексибилност за соочување со секој логистички предизвик. Стандардните апликации можат лесно да се надградат со специјално развиени модули, а доколку е потребно, со задоволство ќе креираме целосно автономни апликации за оптимизација на вашиот синџир на снабдување. Оваа услуга вклучува и персонализирани извештаи, како и мобилни решенија за таблети и паметни телефони.

Како функционира:

Организираме работилница заедно со наши бизнис аналитичари и логистички експерти за да ги анализираме и документираме вашите конкретни барања. Со комбинираното знаење на нашите аналитичари и развивачи од областа на апликативниот развој и логистиката, креираме прецизни и таргетирани решенија што го оптимизираат вашиот синџир на снабдување.

Нема потреба од инсталација – сите cargo-partner апликации функционираат преку стандардни веб-прелистувачи. Користиме современи технологии како што се: JEE (Java Enterprise Edition), REST веб-сервиси, Service Bus, индексирање и оптимизација на пребарување со целосен текст, кластеринг, континуирана интеграција, и автоматизирано тестирање. Високата достапност и сигурност се обезбедени преку флексибилна веб-базирана архитектура, со одделни front-end и back-end апликативни сервери. Дистрибуираната архитектура на нашите системи овозможува исполнување на највисоките очекувања во однос на перформанси и доверливост за меѓународните клиенти.

Контактирајте не!

Нудиме глобална мрежа на услуги.

Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.