Нашиот Центар за компетенции во автомобилската индустрија обезбедува целосна поддршка за управување со синџирот на снабдување – од влезна логистика и логистика во производство, па сѐ до излезна, постпродажна и повратна логистика.
Автомобилската индустрија се соочува со низа предизвици – од сѐ поголема комплексност и притисок за намалување на трошоците, до променливи регионални модели на производство и трансформации во индустрискиот пејзаж. Нашите специјализирани тимови за автомобилска логистика и проектен менаџмент развиваат индивидуализирани решенија, прилагодени на специфичните потреби на синџирот на снабдување во оваа индустрија.
Центарот за компетенции има воспоставено најдобри практики и логистички концепти со цел да ги задоволи потребите на производителите на оригинална опрема(ОЕМ), добавувачите од прво и второ ниво (tier 1 и tier 2), како и на клиентите во постпродажниот сегмент. Со користење на целосно интегрирани ИТ системи и стандардизирани процеси за управување со квалитет, овозможуваме постојана оптимизација на вашите операции.
Нашите професионални тимови детално ги планираат сите процеси однапред, свесни дека темелната подготовка е клучна за избегнување доцнења и за почитување на најстрогите рокови за преземање и достава.
Квалитетот на процесите е осигуран преку внатрешни оперативни процедури кои ги опфаќаат сите релевантни инструкции за ракување и временски рамки. Благодарение на автоматизираните извештаи, сите засегнати страни навреме добиваат информации потребни за брзо решавање на проблемите. За вашие итни и временски критични барања, на располагање ви стои 24/7 достапен контакт за итни случаи, како и услуга со придружни курири (On-board Couriers) за глобални испораки по барање.
Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.