Нудиме услуги за транспорт и складирање на сите стоки за кои се потребни контролирани амбиентални услови или климатизација помеѓу 15°C и 25°C, разладен товар помеѓу 0°C и 4°C степени и замрзнат товар до -18°C, вклучувајќи различни активни и пасивни решенија на пакување.
Ракувањето, складирањето и транспортот на лесно расиплива стока како зеленчук, месо, млечни производи, овошје и цвеќиња бара посебна грижа и стручност, како и висок квалитет и доверливост при процесот. Ние се грижиме за Вашето барање со нашите посветени тимови за храна и расипливи производи низ сите канцеларии на cargo-partner, од кои повеќето се ISO, IFS и QEP сертифицирани.
Нашите специјализирани тимови ширум светот обезбедуваат професионални консултации за вашата логистика на прехранбени производи и ќе создадат решение од врата до врата приспособено на вашите барања. Ние нудиме логистички решенија за ладен синџир преку поморски, воздушен и патен транспорт, вклучувајќи складишта со ладилници, активни и пасивни опции за ладење како што се Enviro-tainers, термални ќебиња и фолии, како и постојана температура, влажност и следење со GPS. Нашите експерти за прехранбени производи и лесно расипливи производи ќе се погрижат за сите неопходни ветеринарни како и фитосанитарни проверки и ќе ги спроведат сите постапки за царинење.
Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.