Kреативна повторна употреба на камионски церади

Kреативна повторна употреба на камионски церади

Намалување на отпадот и создавање можности за вработување на социјално загрозени млади – за нас ова е добитна комбинација уште од 2016 година.

Во соработка со tag.werk, програма за младинско вработување на меѓународната хуманитарна организација Caritas во Грац, Австрија, на нашите стари камионски церади им даваме втор живот. Покрај тоа што на овој начин се рециклираат материјали што веќе не се во употреба, проектот им овозможува на младите едноставно и без бирократски пречки да добијат работа. Откако ќе бидат испрани, исечени и сошиени, старата церада станува модерна торба за рамо или несесер, подготвена за нова приказна.

Овој проект е пример како одржливоста и социјалната одговорност можат да одат рака под рака.

Контактирајте не!

Нудиме глобална мрежа на услуги.

Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.