4PL Услуги

4PL Услуги

Дали барате стратешки партнер кој ќе може активно и на високо ниво да ги администрира вашите транспортни и логистички процеси?

Ние нудиме сеопфатен спектар на 4PL услуги со цел поддршка и оптимизација на сите процеси во синџирот на снабдување – почнувајќи од управување со јавни набавки, глобално снабдување и управување со нарачки, па сè до транспортна логистика, царинско посредување, управување со трошоци за превоз, складирање и дистрибуција.

Делувајќи како неутрална контролна кула, и работејќи од перспектива на повеќе транспортни оператори, нудиме флексибилна поддршка каде и да ви е потребна – овозможувајќи ви поголема фокусираност на вашето основно деловно работење.
Нашата примарна цел е зголемување на транспарентноста и долгорочна оптимизација на логистичките процеси преку унапредување на ефикасноста на транспортните текови и намалување на оперативните и конечните трошоци.Платформата за видливост и соработка SPOT овозможува ефикасно управување со повеќе транспортни оператори низ сите видови транспорт – воздушен, поморски, копнен и железнички, вклучувајќи и курирски услуги до последната достава (last mile delivery), сето тоа во еден интегриран систем.

  • Услуга на контролна кула
  • Управување со тендерски постапки
  • Глобално снабдување
  • Управување со нарачки
  • Управување со добавувачи
  • Транспортна логистика
  • Царинско посредување
  • Управување со трошоци за превоз
  • Складирање
  • Дистрибуција
  • Управување со документација
  • Надзор и следење на процеси
  • Анализа и обработка на податоци

Контактирајте не!

Нудиме глобална мрежа на услуги.

Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.