Нашите царински експерти, присутни на глобално ниво, се грижат за правовремено, правилно и економично царинско посредување за вашите производи.
Со задоволство ќе ви обезбедиме стручни консултации поврзани со сите аспекти на царинската постапка од подготовка на царинска документација, барања за поврат на давачки и рекламации, ветеринарни и царински инспекции, до ценовно определување и електронско поднесување.
cargo-partner оперира во над 35 земји ширум светот, а директно спроведува царинско посредување во повеќе од 20 од нив. Нудиме услуги за увоз, извоз и транзит на главните воздушни и морски царински точки. Во нашите царински сервисни центри, секој клиент добива посветен царински претставник, кој индивидуално ќе се погрижи за вашите специфични барања.
Нашите тимови за законска усогласеност гарантираат дека сите меѓународни регулативи и правни прописи се почитувани, со цел вашите пратки да се извршат непречено. Покрај тоа, функционираме согласно внатрешни политики кои обезбедуваат највисоки стандарди во поглед на квалитет, животна средина, економска ефикасност и општествена одговорност. Потпирајќи се на стабилна ИТ инфраструктура, имплементираме континуиран процес на подобрување низ целата компанија.
Нашата стандардна услуга претставува економично решение за редовни пратки со обем од најмалку 40 пакети месечно. Пратките со стандардни димензии се обработуваат низ автоматизирани сортирачки капацитети, па затоа е особено важно стоката да биде соодветно спакувана. Обезбедуваме и услуги за нестандардна стока (non-conveyable freight) – како ролни, канистри и други пакувања кои не се погодни за автоматско сортирање. Нашите стручњаци се достапни за совети и препораки за правилно пакување и ракување.
Нашата експресна парцелска услуга нуди глобални транспортни решенија со целосна флексибилност и без минимум количина. Нудиме конкурентни цени за клиенти со мали и средни пратки. Нашиот тим ќе ве советува во врска со времетраење на испорака по дестинација, царински формалности и опции за итен транспорт.
Истражете ги нашите iLogistics центри низ светот преку интерактивна 360° виртуелна тура!
За високотехнолошки и електронски производи, на располагање се магацини со ниска запрашеност, загревање, видео-надзор и напредни безбедносни концепти. За е-трговија и исполнување на нарачки, овозможуваме индустриски решенија со интегрирани ИТ-системи и оптимизирани процеси за побрз и поекономичен промет на стока.
За прехранбени производи, расиплива стока, фармацевтски и медицински производи, обезбедуваме магацини и дистрибутивни центри со контролирана температура на повеќе локации.
Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.