Управување со нарачки

Управување со нарачки

Дали честопати се соочувате со доцнење или нецелосна испорака на нарачки? Дали губите време и ресурси во координација со добавувачите?

cargo-partner нуди интегрирани решенија за управување со целиот процес поврзан со нарачките – од нивно порачување, преку управување со добавувачи и транспорт, до конечна испорака, известување и анализа на перформанси. Искористете ја нашата услуга за управување со нарачки инамалете трошоци и ангажман, зголемете ја сигурноста на испораките.

Дознајте повеќе за нашите сеопфатни решенија:

Поддршка со алатки и автоматизација
Платформата SPOT ги обединува сите засегнати страни на едно место, овозможувајќи ефикасно управување со нарачки. Модулот за управување со нарачки обезбедува преглед на производниот напредок кај добавувачите и очекуваните датуми за подготвеност на товарот. Автоматизирани работни текови осигуруваат навремено процесирање, додека известувањата и алармите го известуваат корисникот за евентуални отстапувања.

Supplier & System Integration
Интегрирајте ги добавувачите и другите засегнати страни брзо и едноставно, доделувајќи им пристап до SPOT платформата со само неколку клика. Сите страни можат да пристапат до информации во реално време преку својот омилен интернет прелистувач – без потреба од инсталација на дополнителен софтвер.

Дополнително, нудиме опсег на стандардизирани услуги за размена на податоци, почнувајќи од традиционални EDI врски па сè до RESTful API интерфејси, овозможувајќи целосна интеграција на сите процеси и учесници во вашиот синџир на снабдување. Доколку сакате да воспоставите EDI конекција користејќи сопствени ИТ ресурси, ние ќе ви обезбедиме целосна техничка документација и поддршка за вашите девелопери.

Управување со добавувачи и следење
cargo-partner го презема следењето и координацијата со добавувачите и шпедитерите, обезбедувајќи навремено и целосно извршување на сите нарачки – без разлика дали транспортот е организиран преку нас или не. Платформата SPOT обезбедува целосна транспарентност во реално време.

Транспорт и консолидација на нарачки од купувачи
Нудиме сеопфатен портфолио на глобални транспортни услуги со цел да се обезбеди навремено пристигнување на вашите нарачки. Поддржани од нашата платформа SPOT, управуваме со сите видови на транспорт (воздушен, морски, железнички и копнен), ја поедноставуваме комуникацијата, ги намалуваме трошоците и обезбедуваме целосна прегледност низ целиот синџир на снабдување. Нашата услуга за консолидација на нарачки од купувачи опфаќа: координација, планирање и оптимизација на повеќе нарачки и добавувачи. Целосно интегрираната платформа SPOT за управување со синџир на снабдување обезбедува: сигурност во планирањето, ефикасни процеси, унифицирани стандарди за квалитет и целосна транспарентност – од преземање до крајна дестинација.

Управување со отстапки и ескалации
Со поддршка на платформата SPOT, cargo-partner проактивно ги идентификува сите отстапувања и проблеми и веднаш го известува одговорното лице. Јасниот преглед на тековните неправилности овозможува брзо дијагностицирање и навремено следење. Дополнително, cargo-partner предлага соодветни решенија и постапува според вашите конкретни барања и деловни приоритети.

Царинење
Нашите експерти за царинење ширум светот обезбедуваат точно, навремено и економично спроведување на сите процедури за царинење. Ви стоиме на располагање за: подготовка на царинска документација, поврат на давачки и поднесување жалби, ветеринарни и царински контроли, како и тарифирање и пријавување на стоки.

Магацинско работење и логистика
Искористете ја нашата разгранета мрежа на магацински и дистрибутивни капацитети за складирање и дистрибуција на стоките според вашите потреби.

Извештаи и аналитика
Спроведете пресметки на вкупни трошоци по единица производ, мерење на перформансите на добавувачите и шпедитерите, анализа на водечки времиња и време на циклус. Нашето портфолио за извештаи и аналитика содржи широк спектар алатки кои ви овозможуваат пристап до прецизни податоци за секој аспект од вашиот синџир на снабдување — во секое време и во формат што Вам ви одговара.

Контактирајте не!

Нудиме глобална мрежа на услуги.

Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.