Дали ви е потребна едноставна, но сигурна врска за брза и ефикасна размена на податоци со различни деловни партнери? Дали сакате да ги автоматизирате и стандардизирате процесите за да ги намалите грешките и административниот напор?
cargo-partner нуди широк спектар на EDI решенија за целосна интеграција на сите процеси и чинители во синџирот на снабдување.
Во контекстот на глобализација, Internet of Things, Индустрија 4.0 и Логистика 4.0, безбедната и ефикасна размена на податоци добива сè поголемо значење. EDI конекциите претставуваат сигурен, брз и економичен начин за автоматизирана размена на податоци, намалување на грешки и зголемување на точноста. Нудиме флексибилни опции за интеграција на процеси и партнери за: Управување со нарачки, Електронско фактурирање и Управување со магацин. Нашите експерти во ИТ, логистика и управување со синџири на снабдување обезбедуваат целосна поддршка. Преку платформата SPOT, добивате лесен преглед, визуелизации на транспорт и целосна транспарентност.
Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.