Анкета за ангажираност на вработените
-
Општо задоволство
-
Стилови на комуникација
-
ИТ системи за поддршка на секојдневнотo работење
-
Перспективи за кариера и развој
-
Менаџерски пристап
Се стремиме да создадеме работна средина во која сите наши вработени се чувствуваат пријатно, ценето и мотивирано. Во рамките на оваа заложба, редовно спроведуваме анкети за проценка на работната атмосфера и навремена превенција од несакан одлив на кадар.
Глобалните анкети за вработени ни овозможуваат не само да ја евалуираме целокупната ангажираност, туку и брзо да идентификуваме и адресираме потенцијални предизвици во одделни сектори или тимови. По завршување на анкетата, резултатите се доставуваат до менаџментот заедно со конкретни предлог-мерки за подобрување, чија имплементација се следи континуирано. Ги слушаме нашите луѓе, затоа што тие се нашата најголема вредност.